Принцот Чарлс и Вилијам се плашат дека Ендру може да им се врати на старите должности

Принцот Чарлс и Вилијам се плашат дека Ендру може да им се врати на старите должности

пред 3 години

Принцот Чарлс и неговиот син Вилијам се плашат дека војводата од Јорк, Ендру, може да им се врати на старите должности во кралското семејство. Двајцата сметаат дека војводата од Јорк, треба да се држи подалеку од каква било јавна улога, поради неговата оштетена репутација.

Ендру се најде во центарот на внимание во изминатиот период, најмногу поради неговата поврзаност со осудениот педофил, Џефри Епштајн. Ендру беше обвинет во јавноста од страна на неколку жени, кои тврдат дека принцот имал секс со нив, кога тие биле малолетни.

Сега во јавноста се шпекулира дека Ендру има желба да се врати во кралското семејство и дека може да извршува некоја јавна функција и да и служи на својата земја. Но, како што пишува „Дејли Мејл“, неговите напори веројатно нема да вродат со плод.

Негов близок пријател, за „Санди Тајмс“, изјавил дека војводата од Јорк и понатаму е убеден дека ќе успее да го исчисти своето име и дека е одлучен да ја поддржи монархијата и да ја превземе некаква јавна улога и функција.

Но, иако наводно се водат разговори во врска со положбата на војводата од Јорк, добро упатени извори од кралското семејство, сугерираат дека шансите за неговото враќање во поранешната улога, се практично сведени на нула.

„Без разлика што војводата од Јорк мисли за тоа, како би изгледала неговата иднина, тој не би требало да има илузија дека таквиот став го делат и другите луѓе кои ги носат одлуките во семејството“, тврди извор близок до кралското семејство за „Дејли Мејл“.

„Не постои начин Ендру да им се врати на должностите. Многу е веројатно дека ќе остане таму каде што е“, дополнува тој.

Иако за Нејзиното Височество, кралицата Елизабета, се верува дека сочувствува со Ендру, сепак нејзиниот син и внук, принцовите Чарлс и Вилијам, сметаат дека тој треба да се држи подалеку од какви било јавни улоги поради неговиот наштетен имиџ.

Принцот Ендру официјално си поднесе оставка од кралските должности поради проблемите кои произлегоа од неговите изјави кои ги даде во време кога даваше интервју за „Би-би-си“, во ноември 2019 година.

Во текот на интервјуто, војводата од Јорк го бранеше пријателството со Џефри Епштајн, но го осуди за сексуален престапник кога дознал што правел со девојките. Ендру ги негираше тврдењата на Вирџинија Роберт Жифре, една од жртвите, дека имал сексуален однос со неа.

 

Share
Scroll to Top