Угина уште една од жирафите во скопската Зоолошка градина. Како што велат од таму станува збор жирафата Каспер, на која денеска ќе ѝ биде направена обдукција, пренесе „Макфакс“.
Директорот Зоран Попов рече дека жирафата веќе со месеци не била во добра состојба. Ова е веќе трета жирафа како угинува во Скопската зоолошка. Минатата година пцовиса жирафата Тобого, а во 2014 година уште една која имала само три и пол години. Животниот век им е 25 години.
Според тогашното раководство во Зоолошката, причината беше срцева маана. Зоолошката сега останува со една жирафа.