Рецепт за полнети пиперки со сирење

Рецепт за полнети пиперки со сирење

пред 4 години

Многу лесно се подготвува, а најдобро е што ќе обезбеди доволен внес на витамини со многу малку калории. Ќе имате совршен летен оброк со двопек.

dobivaj vesti na viber

Состојки: 7 пиперки бабури, 600 гр сирење, 2 домати, масло, сол и 2 јајца.

Подготовка: Измијте ги пиперките и исчистете ги од семките и оставете ги на страна. Во сад за матење измешајте ги сирењето и јајцата, па посолете и убаво измешајте. Наполнете ги пиперките со оваа смеса. Доматот исечкајте го на поголеми парчиња и со него затворете ги отворите на пиперките за да не истече филот. Наредете ги полнетите пиперки во огноотпорен сад подмачкан со масло и печете ги во загреана рерна на 200 степени додека пиперките не поруменат.

Share
Scroll to Top