Ријана се откажа од тужбата против нејзиниот татко

Ријана се откажа од тужбата против нејзиниот татко

пред 3 години

Ријана ја отфрли тужбата против нејзиниот татко, Роналд Фенти, неколку недели пред да се соочат на суд. Таа ја поднесе тужбата во 2019 година оти тој наводно го користел нејзиниот имиџ за потребите на својата приватна компанија.

Според медиумите, Роналд го злоупотребил нејзиното уметничко име во корист на неговата компанија, па Ријана го тужела за лажно рекламирање и повреда на нејзината приватност.

Не се знае зошто Ријана ја повлече тужбата, но американските медиуми пишуваат дека таа најверојатно се спогодила со татко ѝ и неговиот деловен партнер надвор од судот. Судењето беше закажано за 22 септември.

Share
Scroll to Top