Пејачот Роби Вилијамс откри дека за малку ќе умрел од труење со храна. Пејачот откри дека имал труење со жива, откако изел премногу риба. Тој стана веган во 2017 година, а од неодамна почнал многу да јаде риба и месни производи.
На една од послените негови контроли на лекар, тој дознал дека имал труење со жива, поради прекумерно јадење на морски плодови.
„Јадев риба два пати на ден и затоа имав најголемо труење со жива што некогаш го видел мојот доктор“, изјавил Роби во интервју за „Радио Икс“.
Пејачот вели дека не сакал да оди на лекар и дека неговата сопруга Ајда Филд на сила го натерала.
„Отидов на лекар бидејќи мојата сопруга испаничи и постојано ме тераше да направам преглед. Му благодарам на господ за тоа што сум жив. Можев да умрам од труење со жива и арсен“, изјавил Роби, додавајќи дека веднаш наредниот ден се вратил на растителната исхрана.