Ромео Бекам стана милионер откако потпиша договор со Пума

Ромео Бекам стана милионер откако потпиша договор со Пума

пред 3 години

Ромео Бекам (19) стана најбогатото дете на Дејвид и Викторија, откако потпиша договор со „Пума“, вреден 1,2 милиони фунти.

Тинејџерот тргна по стапките на својот татко Дејвид, па не само што игра фудбал за „Форт Лодердејл“, туку стана и модел и соработува со брендови за спортска облека.

Освен „Пума“ и други брендови се заинтересирани за соработка со синот на Бекам.

„Тој сега е најбогатиот од потомците на Бекам и, како и неговиот татко, е на брз пат да стане суперѕвезда“, изјавил извор за „Сан“.

Тој додава дека Ромео е навистина вреден и дека освен што се бори за успех на фудбалските терени, создава име и меѓу модните компании.

„Како што Дејвид работеше со ‘Адидас’ повеќе од 20 години, Ромео веројатно ќе го направи истото и со ‘Пума’. Тој е млад и совршен за нивната целна група, така што и на ‘Пума’ веројатно ќе ѝ вреди секоја пара потрошена на него“, вели изворот.

Наводно, голем интерес за Ромео покажал и дизајнерскиот бренд „Ив Сан Лорен“ по соработката со нив во текот на летото, а најверојатно ќе се обидат да го придобијат во некоја друга кампања.

Share
Scroll to Top