Роналдо и Георгина го кршат законот во Саудиска Арабија, живеат заедно а не се во брак

Роналдо и Георгина го кршат законот во Саудиска Арабија, живеат заедно а не се во брак

пред 1 година

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се селат во Саудиска Арабија и таму ќе живеат следните две години, колку што ќе трае договорот за трансферот на Португалецот со „Ал Наср“. Сепак, со тоа што ќе живеат заедно, а не се во брак, тие ги кршат законите на земјата. Во Саудиска Арабија постои закон кој не дозволува лица што не се венчани да живеат заедно, а забрането им е и јавно да се држат за рака и да се бакнуваат.

Шпанскиот весник „Спорт“ вели дека законот ќе важи и за Роналдо и Георгина, иако двојката има пет деца. Според „Спорт“, адвокат од Саудиска Арабија за весникот потврдил дека таков закон постои во земјата.

„Законот официјално не дозволува заедничко живеење за двојки што не се во брак, но властите во последните години почнаа да замижуваат. Членот е активен во законот и се користи ако се појави проблем. Тој ќе важи и за Роналдо, но сигурен сум дека имаат договорено како да го заобиколат овој дел од државните регулативи пред да го потпише договорот со клубот“, рекол адвокатот.

Share
Scroll to Top