Ќе ти купам десетка со кромид да се осеќаш ко кинеска краљица, Кинотеката одбележува 25 години од трагикомедијата „Самоуништување“

Ќе ти купам десетка со кромид да се осеќаш ко кинеска краљица, Кинотеката одбележува 25 години од трагикомедијата „Самоуништување“

пред 2 години

Пролетта во 1996 година во скопската киносала „Центар“ се одржа премиерата на урбаната трагикомедија „Самуништување“ на Ербил Алтанај, чиј сценарист е Сашко Насев, а главната улога ја толкува Јовица Михајловски. Покрај него, се појавуваат и актерите Катерина Коцевска, Благоја Чоревски, Тони Михајловски. А по 25 години, сè уште се паметат и цитираат репликите како „Носи ја на ќебапи, нек се осеќа ко кинеска краљица“ на Јовица Михајловски, но и „Ќе си земам жена Французинка, да ми пее на шпански“ или „Еее, лепото византиска непролазна.

Главната тема во филмот е распаѓањето на семејството. Но пред сè, тоа е семејна морална драма која се одвива во едно скопско предградие. Тој ја следи приказната за такстистот Куплунг, човек без морални вредности, силеџија и љубовџија, без никаква почит кон сопругата Стојна, која работи во фабрика. Покрај сопругата, го малтретира и неговиот син, студентот Цоле. Сепак, тој чувствува љубов единствено кој неговата љубовница Шила, кафеанска пејачка, која се мажи за полицискиот инспектор, брат на Стојна.

„Самуништување“ е проект на приватната продуцентска куќа „Нова продукција – Скопје“ на Јовица Михајловски, Георги Симеонов и Сашко Насев, која беше формирана токму за овој филм. Филмот е работен според сценариото на Насев, насловено како „„Прирачник за самоуништување“. А покрај ова дело, тој ги има создадено и драмите „Чија си“, „Грев или шприцер“ и „Женски оркестар“ .

Од друга страна, ова е дебитанскиот долгометражен игран филм на турскиот режисер Ербил Алтанај. Тој е еден од најзначајните филмски автори во турската кинематографија на преминот на двата века. Тој се преселил Скопје по воениот пуч во Турција во 1980 година, а повторно се вратил во Инстанбул со сопругата кон крајот на првата деценија на 21 век. Пред „Самуништување“ режирал десетици епизоди од ТВ серијата „Македонски народни приказни“, а во 2004 во Турција го режираше филмот „Во моето богатство има убава девојка“. Благодарение на него и копродуцентите на филмот, „Самуништување“ во 1997 доби и надсинхронизирана верзија на турски јазик насловена како „Прирачник за самоубиство“, за дистрибуција и киноприкажување во Турција.

 

 

Share
Scroll to Top