Рос и Рејчел од „Пријатели“ се во врска

Рос и Рејчел од „Пријатели“ се во врска

пред 3 години

Популарната актерка Џенифер Анистон и нејзиниот колега Дејвид Швимер се во врска, магазинот Closer. Двојката од пријатели веќе некое време се заедно во вилата на Џенифер. Тие се зближиле за време на снимањето на проектот Friends Reunion, од серијата „Пријатели“, во кој глумеа двојка.

„Повторното собирање и сеќавањата на минатото ги разбуди чувства кај двајцата и сфатија дека „хемијата“ меѓу нив се уште е тука“, вели извор близок до нив двајцата.

 „Двајцата поминуваат доста од времето во домот на Џенифер. Таа му готви и уживаат во времето кое го поминуваат заедно. Разговараат, се смеат“, додава изворот.

За потсетување Дејвид Швимер призна дека бил заљубен во Џенифер Анистон и додека ги глумеа Рос и Рејчел, а и таа самата изјави дека била заљубена во него.

Тогаш Швимер рече дека секогаш некој од нив бил во врска поради што не ја приминале границата на пријателство. „Својата љубов ја насочивме кон Рос и Рејчел“, рече Швимер.

 

 

Share
Scroll to Top