Потребни состојки:
- 150 гр чоколадо
- 50 гр путер
- 150 гр (мешано) мелени лешници и бадеми или наместо бадеми ако некој сака ф’стаци
- четири лажици рум
- две лажици шеќер, ви препорачуваме кафеав
Подготовка:
Чоколадото и путерот растопете ги на пареа. Додадете мелени лешници и бадеми и соединете ја смесата. Две лажици рум и шеќер грејте ги сè додека не раствори шеќерот, Потоа оставете ја смесата да се излади. Откако ќе се изладат, додадете ја во преходно направената чоколадна смеса и сето тоа добро промешајте го. Додадете уште две лажици рум, соединете и обликувајте ја масата во топчиња. Оставете ги топчињата во фрижидер неколку часа да се стегнат. Свиткајте ги во какао или цимет, мелени бисквити, шеќер во прав или стопено чоколадо.