Сакаа да ме уапсат зашто симулирав мастурбација за време на турнеја, Мадона зборуваше за новиот документарец

Сакаа да ме уапсат зашто симулирав мастурбација за време на турнеја, Мадона зборуваше за новиот документарец

пред 2 години

Поп-пејачката Мадона прозборе за новиот документарец кој ќе се снима за неа. Во главната улога ќе биде Џулија Гарнер, актерката позната како заштитен лик од серијата Озарк.

dobivaj vesti na viber

Мадона вели дека учествувала во пишувањето на сценариото, но има голема желба и да седне на режисерското место за да се осигура дека документарецот ќе се снима по нејзин терк.

Пејачката вели дека никогаш не се срами да истакне колку е таа важна во промоцијата на уметничките граници. Вели дека границите кои ги поминала на почетокот на кариерата им го отвориле патот на денешните ѕвезди како Мајли Сајрус, Дуа Липа и Кети Пери.

Додека работела на документарецот ѝ се вратиле бројни спомени и се потсети на моментот кога за малку ќе била уапсена за симулирање на мастурбација, на нејзината турнеја Blonde Ambition во 1990 година.

„Полицијата ми се закани трипати дека ќе ме уапси додека патував низ светот пеејќи ја Like A Virgin, за време на турнејата Blonde Ambition. Ватикан ги откажа сите мои настапи во Рим. Гледаш како ти го трасирав патот?“,напиша Мадона и објави црно-бело видео од настапот.

На третата вечер на настапот во Торонто во салата Sky Dome добила предупредување од локалната полиција дека ризикува да биде уапсена.

Нема да го менувам текот на шоуто им одговорила тогаш на соработниците.

Share
Scroll to Top