Животот за популарните пејачи Саша и Дејан Матиќ не отсекогаш бил лесен за нив. Двајцата уште во раната возраст останале без видот и целиот живот се борат со истата. Родени се како здрави деца во Дрвар, но, заради туѓа грешка останале слепи, пренесе Dnevni avaz.
Родени се прерано, па родителите Зоран и Драгица морале да ги остават неколку дена во инкубатор. Наводно поради невнимание на една од медицинските сестри, останале слепи. Од засега неутврдени прични двете бебиња по само неколку дена откако се родиле, ослепеле.
Дејан и Саша ѝ се познати на публиката по одличните настапи и талент и веќе неколку години важат за едни од најпопуларните пејачи во регионот. Саша низ годините настапил низ неколку градови на Балканот, а пред неколку години се потсети и на инцидентот кој му се случи во Хрватска.
По концертот во еден клуб во Задар, група хулигани фрлале со камења по него и неговата екипа и му го скршиле стаклото од комбето.
„Не беше страшно. Тоа го направија луѓе кои не ја слушаат мојата музика и ги интересираат други работи. Група пијани млади луѓе ми го уништија комбето, но, нема врска, пеев во Хрватска и ќе пејам пак“, рече Саша.
Во 2015 година за првпат соработуваше и со пејачката Јелена Розга, кога направија дует. Подоцна исто сними дует и со Северина „Море туга“.
За потсетување, вчера го одржаа и вториот од двата концерти во арената „Загреб“. Арената беше преполна со обожаватели, а атмосферата одлчна. Специјални гости му беа и пејачките Милица Павловиќ и Северина со кого ги пееше неговите најголеми хитови. 40.000 карти беа продадени за двата концерти за краток рок.