Повеќекратниот светски шампион во џиу-џицу, Видадија Марданов од Русија, e убиен на 32-годишна возраст. Марданов беше убиен вчеравечер пред својата куќа во Дагестан. На интернет се појави и снимка од убиството, на која се гледа дека Марданов бил нападнат од две лица.
Полицијата ги идентификувала напаѓачите и станува збор за Тимур Асад и Абдумислим Муртазалиев, кои се во бегство.