Себастијан Фетел го напушти тимот на „Ферари“, па ја распродава својата колекција скапи автомобили

Себастијан Фетел го напушти тимот на „Ферари“, па ја распродава својата колекција скапи автомобили

пред 3 години

Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, откако си замина од екипата на „Ферари“ почна да ги продава скапите коли што ги има од овој автомобилски бренд. Преку компанијата Tom Hartley JNR од Британија, тој понуди на продажба осум автомобили од својата колекција. Трите највредни од нив се Ferrari LaFerrari 2016, Ferrari Enzo 2004 и Ferrari F50 од 1996 година. Првите два автомобила, наводно, веќе се продадени, но не се соопштува за кои износи.

Моделот F50 Фетел го купи 2015 година, односно неговата прва сезона со „Ферари“.  Суперавтомобилот има поминато 6.939 километри и доаѓа со специјален капак, комплет торби за багаж и сите потребни сертификати и документи.

Шампионот продава уште два автомобили од италијанската марка. Првиот е F12tdf од 2016 година, кој го купил од фабрика и има поминато само 1.183 километри. Другиот е 458 Speciale, исто така купен од фабрик со поминати 3.077 километри.

Германецот нуди уште три автомобили од неговата колекција. Меѓу нив е и Mercedes-Benz SL65 AMG Black Series, автомобил кој му е подарен по неговата прва победа во Formula 1 во 2009 година за Големата награда на Абу Даби. Фетел исто така ги продава и Mercedes-Benz SLS AMG 2010 и BMW Z8 Roadster од 2002 година.

Share
Scroll to Top