Селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси, иако не смееше го допре и сакаше да го подигне пехарот уште пред да започне Светското првенство во Катар.
Настанот се случи во петокот, во Доха, кога се составуваа групите, а селекторите на 29 репрезентации кои се пласираа застанаа да се сликаат покрај него.
Во првиот ред покрај Пикси беа и селекторот на Франција, Дидие Дешамп, актуелниот светски шампион и негов поранешен соиграч од Олимпик Марсеј, потоа селекторот на Португалија Фернандо Сантош и селекторот на Хрватска Златко Далиќ, финалистот од пред четири години.

Сепак само Пикси го допре трофејот нешто што меѓу љубителите на фудбалот се толкува како лош предзнак и клетва. Како најдобар пример за тоа го споменуваат Џенаро Гатузо, кој во 2005 година на полувремето го допре трофејот од Лига шампиони.
Иако неговиот тим водеше со 3:0, на крајот во невиден пресврт Милан загуби од Ливерпул на пенали. За потсетување, Србија во Катар ќе игра во групата Г, против Бразил, Швајцарија и Камерун.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Видео) Ја продале куќата, па одлучиле да живеат на брод: пар од Америка ужива во прекрасните пејзажи и мирното море
Џоле Џогани се соблече во костим за капење, згоден во седматата децанија
Затвореничка обвини дека била жртва на трансроден силувач во женски затвор
Ешли Олсен се омажи тајно пред Нова година
(Видео) Весна Станојевска-Микиќ ја отсвире првата македонска електроакустична мелодија за соло харфа
За запленетата јахта на руски олигарх стигнале 63 понуди
