„Се разбудив глува во десното уво“, пејачката Џеси Џеј има Мениерова болест

„Се разбудив глува во десното уво“, пејачката Џеси Џеј има Мениерова болест

пред 3 години

Пејачката Џеси Џеј на социјалните мрежи откри дека неодамна била хоспитилизирана поради вртоглавици и недостиг на слух во десното уво.

32-годишната пејачка откри дека на католички Бадник завршила во болница поради Мениерова болест, односно состојба на ушите која може да предизвика вртоглавици, што значи дека е тешко да стоиш или да одиш на рамно. Симптомите исто така вклучуваат мачнина, вртоглавица и губење на рамнотежата.

„Се разбудив потполно глува во десното уво, не можев да одам право. Ми кажаа дека станува збор за Маниеров синдром. Знам дека многу луѓе боледуваат од тоа и многумина ме контактираа да ми дадат совети, молчев со денови, но сега првпат имам храброст да зборувам за тоа“, вели пејачката.Вели ова било тешко за неа бидејќи имала болка во увото.

„Можеше да биде многу полошо, така е како што е. Многу сум благодарна на моето здравје. Драго ми е што навреме ја дознав дијагнозата, сите дознаа за што се работи и ги добив вистинските лекови, па денес се чувствувам многу подобро“, вели таа Џеси.

Share
Scroll to Top