По пет месеци брак се разведуваат Ване Цветанов и Дунавка Трифуновска. Веста ја објави поранешниот директор на Финансова полиција. Тој напиша дека двајцата решиле да се разделат и и и посака среќа за понатаму.
„Како што ве информирав за почетокот така сега ве информирам и за крајот на убавата љубовна приказна. Дунавка е прекрасна личност, искрено и ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај. “, вели Ване
Ване и Дунавка се венчаа пред Прочка, а тој за „Репортер“ ни кажа колку е среќен со неа и како таа успеала да го спаси од неговата поранешна девојка.

Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Видео) Стоечки овации и редици фанови за автограм на турнејата на Владимир Четкар во Јужна Кореја
Светска премиера на филмот „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановскина во Флорида
(Фото) Пике продолжи да ја провоцира Шакира, прво носеше часовник Касио, а сега на работа дојде со Твинго
Наутро оди на факултет, попладне вози багер: Необичната приказна на студентката Јована Митровиќ
(Видео) Средношколци добија матурска забава на отворено
„Премногу сум богата за да го пушам тоа“ – низ животот на Витни Хјустон девет години по смртта
