Синот на Војо Стојановски стана татко, принова во семејството на фолк-пејачот

Синот на Војо Стојановски стана татко, принова во семејството на фолк-пејачот

пред 2 години

Фолк-пејачот Дамјан Стојановски, син на починатиот пејач Војо Стојановски, вторпат стана татко. Тој и неговата сопруга Елена добија ќерка, а го имаат и двегодишниот син Војдан. Веста за раѓањето на бебето ја сподели Евица, мајката на Дамјан.

dobivaj vesti na viber

„Денес станав баба на Јана. Војдан доби сестричка, а тато Дамјан и мама Ели, ќерка. Да ни е жива и здрава и многу да нè радува“, напиша Евица на социјалните мрежи.

Дамјан имаше 18 години кога почина татко му. Тој често изјавува дека љубовта кон музиката ја наследил од татка си, но и дека Војо му бил најдобар пријател, одличен родител, ментор и идол.

„Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот. Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележителни, па планирам да ги оживеам,“ рече тој во едно интервју.

Share
Scroll to Top