Синот на Михаел Шумахер ќе се трка во Формула 1

Синот на Михаел Шумахер ќе се трка во Формула 1

пред 3 години

Мик, синот на седумкратниот светски шампион, Михеал Шумахер, од следната сезона ќе се трка во Формула 1. Тој ќе се натпреварува за тимот на Хас, иако долго време се зборуваше дека ќе потпише договор со Алфа Ромео.

Сепак, Алфа Ромео, во последен момент реши да го задржи и во наредната сезона Антонио Џовинаци, кој ќе му биде партнер на Кими Раиконен. Мик Шумахер призна дека е разочаран што пропаднал договорот со Алфа ромео, оти сакал Кими да му биде клубски колега.

„Искрено сакав да возам во ист тим со Кими Раиконен. За мене тоа ќе беше неверојатно искуство. Сепак Алфа Роме решија како што решија. Во животото сите работи се случуваат со причина“, рекол Шумахер, кој во моментов е на првото место во Формула 2.

„Нека има малку трпение. Започнуваме за најмногу две недели. Наредната година ќе биде добра за дебитантите, бидејќи нема толку внимание да посветиме на развојот на болидот. Наредната година ќе биде транзициска“, рекол сопственикот на Хас, Гинтер Штајнер.

Хас сè уште не го потврдиле името на вториот возач за наредната сезона, се очекува тоа да биде дебитантот од Русија, Никита Мазепин.

Share
Scroll to Top