Следниот месец треба да се донесе одлука дали Берлин ќе стане град без автомобили. Оваа идеја е граѓанската иницијатива „Берлин без автомобили“, која лани предложи план за да се ограничат автомобилите во рамките на С-Рингбан, кружна железничка линија околу внатрешноста на градот, и со ова би се добила најголемата област без автомобили на светот. Сето ова ќе биде на површина од 88 квадратни километри.
Целта на оваа иницијатива е да се забрани користење на приватните автомобили во центарот на Берлин и тука ќе може да се движат возилата на итни служби, ѓубреџиски камиони, возилата за достава и такси, како и автомобилите на жителите со ограничена мобилност, кои ќе имаат специјална дозвола.
„Целта на кампањата е да се осигура јавните улици на Берлин да бидат безбедни, погодни за живеење и еколошки. Градските власти не презеле активности и мерки за да се остварат овие квалитети па моравме да ги искористиме нашите демократски алатки“, велат од „Берлин без автомобили“,
Тимот собра над 50.000 потписи за поддршка на кампањата па берлинскиот Сенат ќе мора да ја разгледа идејата. Ако биде одбиена, групата кажа дека ќе се обиде да собере 175.000 потписи , со што за идејата Берлин без автомобили ќе можат да гласаат сите жители во следната година.