Слободен влез во МНТ на Светскиот ден на театарот: бесплатна изведба на претставата „Само глас“

Слободен влез во МНТ на Светскиот ден на театарот: бесплатна изведба на претставата „Само глас“

пред 2 години

По повод Светскиот ден на театарот, 27-ми март, Македонскиот народен театар ги отвора вратите за сите граѓани. Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во која играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.

Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската порака од Самиха Ајуб, египетска актерка, и македонската порака од Теута Ајдини-Јегени, актерка.

Билетите се подигнуваат на денот на изведбата од 14:00 часот на билетарницата на МНТ.

Share
Scroll to Top