Новак Ѓоковиќ овие денови соборува нови рекорди, а еден од нив е влегувањето во 320. недела на врвот на листата на најдобрите светски тенисери на светот. Моментално од него подобро пласирани се само Штефи Граф и Мартина Навратилова, но нема сомнеж дека и нив ќе симне од тронот.
Кога станува збор за исхраната, тој е уверен дека правилната исхрана е исклучително важна, без разлика на тоа дали професионално се занимавате со спорт или не. Еве една едноставна и ефикасна ужина.
Смути од боровница и путер од бадем
Состојки за четири личности:
- 2 шолји смрзнати боровници
- 1 смрзната банана
- 2 лажици путер од бадем
- 1 шолја свеж спанаќ
- 2 шолји незасладено бадемово млеко
Подготовката е едноставна. Во блендер ставете ги сите состојки и матете додека не добиете фина смеса. Сипете во четири чаши и веднаш послужете се.