Софиа на Пере си дојде дома за Св. Никола

Софиа на Пере си дојде дома за Св. Никола

пред 3 години

Сопругата на Пере од Нокаут се породи неодамна со ќерката Софиа, а денес родителите бебето го донесоа дома.

Пере на „Инстаграм“ објави фотографии од него.

„Си дојде дома мојата трета ќерка. Моето трилече што мириса на млеко, Софиа. За многу години Св. Никола“, напиша Пере.

Пере за Репортер.мк ни кажа дека има трема оти по подолго време пак ќе стане татко. Вели дека чувствува возбуда и трема исто како кога требало да се родат ќерките Миа и Каја.

„Тоа што сум веќе искусен татко не значи дека не сум во блага паника. На Јована ова ѝ е прво дете, па можете да замислите колку сме возбудени и среќни и двајцата. Најважно е дека имаме комплетна поддршка од нејзините и моите родители, но и од моите ќерки, така што сигурен сум дека и двајцата ќе се снајдеме одлично. Миа и Каја се пресреќни што семејството доби уште еден член и уште сега прават планови за тоа како ќе помагаат“, ни кажа Пере.

Пере од „Нокаут“ стана татко: Ова за мене е благослов

 

Share
Scroll to Top