Со „Пукни зоро“ во Косово се женеше градоначалникот Саша Богдановиќ

Со „Пукни зоро“ во Косово се женеше градоначалникот Саша Богдановиќ

пред 4 години

Градоначалникот на Центар Саша Богановиќ вчера се венчаше  со неговата избраничка Јелена Брауновиќ, наставничка во скопското основното училиште „Киро Глигоров “ . Двојката се венчаше во дворот средновековен манастир Успение на Пресвета Богородица во Грачаница. Младоженецот пристигнал облечен во костум, а  Јелена била облечена во комбинација на традиционалното и модерното, бел невестински фустан со етно елементи  и кус и долг елек кои се дел од црногорската женска народна носија. Та е родена во Скопје, но по потекло е од Црна Гора. На крајот од свадбената церемонија и младоженецот облече традиционална српска народна носија.

фото: В. Ћуп, ГрачаницаОнлајн

„Нашата љубов започна тука, доаѓавме често тука, поради празниците, поради некои хумани активности и активности што ги имавме тука во Косово. Сакавме да ја овековечиме нашата љубов  која започна тука, токму во Грачаница “, раскажа градоначалникот Саша Богдановиќ.

Во црквата ги венчаше архимандритот Иларион.

фото: В. Ћуп, ГрачаницаОнлајн

 

По венчавката, ни раскажаа гости кои беа на свадбата, маладите заминале во познат ресторан во Грачаница каде било весело, но немало многу гости. Највесели биле малденците, кои ја отвориле свдбата со позната песна „Пукни зоро“. По ова се пееле и српски и македонски песни, за невестата и градоначалникот на Центар.

фото: В. Ћуп, ГрачаницаОнлајн

Пред неколку дена градоначалникот Богдановиќ рече дека со оглед на тоа што свадбените веселби во Македонија се забранети поради епидемијата од коронавирус, кога ќе има услови со Јелена ќе направат и свадба во Скопје за своите роднини и пријатели.

 

Share
Scroll to Top