Со утнати презимиња на српските пејачи организаторите го најавија концертот на Тоше

Со утнати презимиња на српските пејачи организаторите го најавија концертот на Тоше

пред 3 години

Организаторите на концертот „Со љубов за Тоше“, со кој ќе се одбележат 15 години од неговиот последен концерт на Градски стадион, на плакатот ја направија основната граматичка грешка на презимињата на српските учесници. Па така српската пејачка Јелена Томашевиќ е Томашевич, а црногорскиот пејач Бојан Маровиќ е напишан како Марович. Сликата од плакатот се споделува на социјалните мрежи, а фановите на Тоше коментираат дека Фондацијата не смеела да си дозволи ваква грешка.

dobivaj vesti na viber

„Бојан беше голем пријател на Тоше, Јелена секогаш кажува колку го сакала него и неговата музика. Ова е непочитување“, пишуваат на социјалните мрежи.

На концертот што ќе се одржи на 5 октомври пред платото на Спомен-куќата во Крушево, ќе пеат и Каролина Гочева, Кристина Арнаудова, Бени Шаќири и други.

Share
Scroll to Top