„Со Шумахер заедно гледаме телевизија“, Жан Тод проговори за состојбата на Германецот

„Со Шумахер заедно гледаме телевизија“, Жан Тод проговори за состојбата на Германецот

пред 4 години

Поранешниот шеф на тимот на „Ферари“ во Формула 1, Жан Тод, прозборе за состојбата на легендарниот возач и седумкратен шампион Михаел Шумахер.

Германецот во 2013 година во декември доживеа страшна несреќа за време на скијање и оттогаш се наоѓа во индукована кома. Жан Тод е еден од ретките луѓе кои редовно го посетуваат Шумахер.

„Редовно го посетувам Михаел. Заедно гледаме телевизија“, изјавил Тод, не сакал да ја коментира ситуацијата со синот на Шумахер, Мик, и неговата иднина во Формула 1 трките.

„Не сакам да зборувам за тоа. Не сакам да влегувам во детали. Тоа се приватни работи. Мик е млад и талентиран возач. Има големо име, но големото име не управува со воланот. Кога ќе дојде во Формула 1, нема да има победнички болид. Ќе му биде потребно време и прерано е да се знае дали има талент како неговиот татко или како Макс Верстапен или Луис Хамилтон. Сè уште не знаеме“, вели Тод.

Share
Scroll to Top