Сузе пееше на „Питијада“ во Велес, вели било експлозија од мераци

Сузе пееше на „Питијада“ во Велес, вели било експлозија од мераци

пред 4 години

Фолк-пејачката Сузана Спасовска настапи на питијадата во Велес, каде пееше пред многубројната публика. Таа отпеаја дел од нејзините песни и беше вистински мера за посетителите. Спасовска објави фотографии на социјалните мрежи и рече: Питијада во Велес. Енергија, експлозија, забавно, весело и за мерак.

dobivaj vesti na viber

 

Сузана Спасовска речиси 40 години е дел од музичката сцена. Зад неа се многу песни, настапи, фестивали, музички хитови. Пред настапот во Велес, таа пееше на концертот на Танец за 100 години од раѓањето на Александар Сариевски. Таа ја отпеаја безвременската „Зајди, зајди“, настап со кој ја воодушеви публиката, а утредента министерката за одбрана Славјанка Петровска ѝ испрати цвеќе на работното место .

Share
Scroll to Top