Тарт со чоколада и карамела

Тарт со чоколада и карамела

пред 2 години

Состојки за тарт од чоколадо и карамел:

Тесто: 115 гр путер, 70 гр шеќер во прав, 25 гр какао, 1 жолчка од јајце, 3/4 лажичка екстракт од ванила, 170 гр брашно.

Карамела: 400 гр шеќер, 120 ml вода, 85 гр сируп од пченка, 115 гр путер, 170 гр шлаг без шеќер, 2 супени лажици крем фрајше, 1 прстофат сол

Глазура: 100 гр темно чоколадо (70 до 85% какао), 170 гр шлаг без шеќер

Подготовка:
Во сад со миксер измешајте го путерот, шеќерот и какаото на собна температура. Блендирајте додека не се изедначи. Додадете ги жолчката и ванилата и мешајте додека не се соединат. Во смесата за тесто просејте го брашното. Мешајте на мала брзина додека не се соедини. Тестото притиснете го на дното и нагоре во калапот за тарт од 25 см.
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Обложете го тартот со фолија и наполнете со суви гравчиња, ориз или тегови за пита за да не нарасне тестото. Печете 15 минути. Отстранете ја фолијата и тегови и печете додека тестото не се исуши, уште 10 до 15 минути. Префрлете го на решетка да се излади. Подгответе ја карамелата. Во големо тенџере ставете ги шеќерот, водата и сирупот од пченка да зовријат. Повремено мешајте или вртете го тенџерето додека смесата не добие средна килибарна боја, околу 12 минути. Тргнете од оган. Карамелот ќе продолжи да се готви и да потемнува. Внимателно, но брзо измешајте ги путерот, павлаката, кремот и солта со жица за матење додека не добиете мазна смеса. Топлата карамела прелијте врз испеченото тесто и оставете да се излади и стегне, најмалку 1 час. Подгответе ја чоколадната глазура. Во сад ставете ја сечканата чоколада. Во мало тенџере ставете го кремот да зоврие. Чоколадото прелијте го со врелиот крем и мешајте додека чоколадото не се растопи и смесата не стане мазна. Со глазурата прелијте го колачот и ставете го во фрижидер додека не се стегне тартот, најмалку еден час.

Share
Scroll to Top