Таско, Тони Зен, Ивона Јо , Куку Леле и Поточиња за „Модерно Скопје“ викендов на „Школка“

Таско, Тони Зен, Ивона Јо , Куку Леле и Поточиња за „Модерно Скопје“ викендов на „Школка“

пред 11 месеци

На 25-ти јуни во Градскиот парк ќе се одржи фестивалот „Модерно Скопје“. Ќе се одржи покрај главната бина на „Школка“ и сите кои ќе дојдат ќе можат да уживаат во богатата музичка програма, а ќе има голем број забавни активности за сите возрасти.

Како и минатата година и овој пат ќе настапат најдобрите македонски артисти. Музичкиот дел од хепенингот ќе започне во 12 часот, а истиот ќе биде збогатен со ексклузивен настап на „Поточиња“, како и веќе докажани музички имиња меѓу кои Таско, Тони Зен, Ивона Јо и Куку Леле.

„Модерно Скопје“ и оваа година ќе биде незаборавен музичко сценски спектакл кој на македонската публика и музичката јавност, ќе и го доближи чувството за присуство на фестивал од највисок ранг.  Влезот ќе биде слободен за сите посетители

Share
Scroll to Top