За време на настапот на овогодинешниот Сан Ремо, популарниот пејач Бланко направи скандал кој поради технички проблем со звукот, шутна и скина дел од сценографијата на сцената. Неговото однесување беше остро критикувано во јавноста, а обвинителството покрена истрага против него за нанесување штета.
Бланко требаше да го претстави својот нов сингл „L’isole delle rose“ на Сан Ремо, но во еден момент почна да ги шутира цветните аранжмани.
„Не слушнав ништо во слушалките, не можев да пеам, но барем се забавував, не можевме да го запреме настапот“, изјави тогаш младиот музичар.
Тој на 8 февруари на Сан Ремо најпрво го изведе заедничкиот хит „Бривиди“ со Махмуд, кој е и минатогодишен победник на тој натпревар, но кога требаше сам да ја изведе својата нова песна, но настанал технички проблем, а потоа пејачот бесно клоцаше по сценографијата. По што пејачот беше исвиркан од публиката во салата.
Водителот на натпреварувањето подоцна изјави дека Бланко се извинил и знаел дека погрешил и дека нема да биде казнет и дека може повторно да настапи.
Италијанските медиуми пишуваат дека локалното обвинителство покренало истрага.