Уште еден руски олигарх починал под сомнителни околности, бил отруен со отров од жаба

Уште еден руски олигарх починал под сомнителни околности, бил отруен со отров од жаба

пред 2 години

Поранешниот главен менаџер на Лукоил, Александар Суботин, е пронајден мртов, а како главна причина за смртта е наведено труење од жаба, пишува британски Индепендент. Тој е уште еден од руските олигарси кои починаа во мистериозни околности откако Русија почна инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Суботин наводно починал во еден подрум во градот Митишчи, североисточно од Москва. Тој бил на сеанса кај шаманот Магуа и неговата сопруга, пишува каналот Маш на Телеграм.

Суботин сакал да го излекува мамурлакот со отров од жаба. Телеграм пренесе дека откако направиле засек на кожата и му капнале отров од жаба, тој повратил и дека се чувствувал добро.

Профилот на Телеграм исто така пренесе дека Суботин долго време ги познавал шаманот и сопругата и често ги користел нивните услуги.

За потсетување ова е петти случај на руски олигарх, кој последниот месец и половина загинал под мистериозни околности. Двајца од нив умреле заедно со нивното семејство, откако Западот им воведе санкции поради руската инвазија на Украина. .

 

Share
Scroll to Top