Фолк-пејачот Васил Атанасов, и по 20 дена, не е погребан, семејството нема пари, а од погребално во Македонија никој не им се јавува

Фолк-пејачот Васил Атанасов, и по 20 дена, не е погребан, семејството нема пари, а од погребално во Македонија никој не им се јавува

пред 3 години

Фолк-пејачот Васил Атанасов, кој почина во Германија пред 20 дена, сè уште не е погребан. Неговата сестра Лидија вели дека семејството се соочува со финансиски проблеми, а во Германија им бараат околу 5500 евра за да го погребаат. Таа е лута што не можат да го погребаат ни во Македонија, оти во погребалното претпријатие тука никој не им се јавува.

„Брат ми требаше да го закопаме на 28., ама Германците немаат жал, треба прво да платиш па да ти вршат работа. Брат ми го држат во фрижидер, а нас нè изморија со проблеми. Сега ќе одам во Виена да земам пари од минусно конто и не знам како ќе соберам 5500 евра за да го погребам брат ми. Да можам на раце ќе го донесам во Македонија. А во Македонија никој не се јавува во погребално, ниту има кој да го организира погребот“, стои во објавата.

Пејачот, кој долги години живееше во Германија, пред една година се разболел поради семејни проблеми, а од стрес завршил во болница, каде што бил опериран. Набргу потоа се шлогирал и останал неподвижен.

Васил испеа многу песни, а една од најпознатите му беше „Проклет да е кој нѐ раздели“.

Share
Scroll to Top