(Фото) Астронаутка на НАСА, по раскинувањето со швалерот во вселената, намерно направила дупка на бродот за да се врати дома побргу

(Фото) Астронаутка на НАСА, по раскинувањето со швалерот во вселената, намерно направила дупка на бродот за да се врати дома побргу

пред 2 години

Од Руската вселенска агенција „Роскосмос“ се заканија дека ќе поднесат тужба против астронаутката на НАСА, Серена Ауњон-Чанселор, затоа што намерно направила дупка на вселенскиот брод „Сојуз MS-09“ додека бил стациониран на Меѓународната вселенска станица во 2018 година.

Руската агенција неодамна ја завршила истрагата за инцидентот, кој го нарекле саботажа, а Серена ја означиле како главен виновник. Како што проенсуваат медиумите, таа сакала порано да се врати дома, па направила дупка од 2 милиметра.

Извори навеле дека за тоа причина била расправијата со нејзиното момче, кое исто така престојувало на Меѓународната станица. Сепак, затоа што астронаутката била мажена, останало нејасно за кој маж станува збор.

Од „Роскосмос“ велат дека на вселенското летало имало неколку дупки, кои биле направени од некој што не го познава дизајнот и кој не го направил тоа успешно во услови на ниска гравитација.

Дупката е направена на 30 август 2018 година кога паѓал пристиокот поради протекување воздух. Руските космонаути бргу го средиле проблемот и успеале да го вратат притисокот. Набрзо утврдиле дека дупката можела да биде настаната само со дупчење и дека тоа било направено намерно.

НАСА сооштила дека Серена е почитувана астронаутка и дека нејзиниот придонес е огромен, нешто што го оспориле руските колеги. Исто така, рекле дека астронаутите воопшто не биле во опасност од задушување затоа што за време на летот постоела уште една резерва со која можеле да се вратат на Земјата доколку тимот имал потреба од такво нешто.

Подоцна, за време на истрагата било утврдено дека дупката е направена од внатре, што значи дека виновникот не можел да биде вселенски отпад. Во времето кога била откриена дупката, на леталото биле Сергеј Прокопиев и уште два астронаута, Чанселор од НАСА и Александер Герс од Европската вселенска агенција.

Штетата не можела да настане на Земјата затоа што бродот не би можел да ги мине неопходните тестови.

„Да имало тогаш некакви дупки, притисокот моментно би паднал и не би можел да мине на тестот. Затоа ‘Роскосмос’ ја отфрли оваа теорија“, пренесе „Тасс“.

Руските медиуми почнале да ја разобличуваат менталната состојба на астронаутката на НАСА, која во желбата да се врати што побргу дома презела вакви драстични мерки.

Исто така, наведено е дека една од камерите мистериозно престанала да работи, а дека американските космонаути одбиле да бидат ставени на полиграф.

Нивните колеги, пак, го одработиле полиграфот, но тврдат дека не им било дозволено да ги прегледаат алатот и дупчалката на Меѓународната станица. Било утврдено дека од 8 дупки, една била издупчена до самиот крај.

 

 

 

 

 

 

Малата дупка се појавила на руската вселенска капсула, а наводно Герс го ставил својот прст преку неа пред екипажот да ја закрпи. Првично се верувало дека таа била направена од мал метеорит, но подоцна е утврдено дека била направена од внатре.

Во јавноста кружат и теориите дека случајно ја направил некој работник, кој, наместо да го пријави проблемот, се обидел да ја скрие грешката.

 

Share
Scroll to Top