(Фото) Британска блогерка се породи сама во дневната соба, породувањето го пренесуваше во живо на Инстаграм

(Фото) Британска блогерка се породи сама во дневната соба, породувањето го пренесуваше во живо на Инстаграм

пред 3 години

Жена родила син во дневна соба, а своето 36 часовно пораѓање го споделила во живо преку „Инстаграм“.

За раѓање во домашни услови се одлучила најмногу поради пандемијата со коронавирусот, бидејќи доколку би била во болница нејзиниот сопруг не би можел да присуствува.

Иако вработените во болницата, вели таа, се смееле на нејзиниот план за раѓање во домот, британската блогерка Ела Робертс родила здраво момче Фриди, во нејзината дневна соба, а нејзините 19.000 следбеници на „Инстаграм“ можеле да го следат раѓањето во живо.

 

„Среќна сум што споделувам сè со вас“ – напиша Робертс.

„Луда нова мама“, додавајќи дека, иако тоа не се гледа на фотографијата, последните часови не и биле лесни.

„Среќна сум што споделувам сè со вас“ – напиша Робертс.

„Луда нова мама“, додавајќи дека, иако тоа не се гледа на фотографијата, последните часови не и биле лесни.

„Останав без кислород за да ја ублажам болката, имаше многу крв и врескав, а сите брзаа околу да подготват сè за доаѓањето на Фреди. Сепак, вредеше“, вели Ела, за која ова било второ породување.

Робертс за „Сан“ изјави и дека одлучила да се породи дома најмногу поради пандемијата, а својата 36-часовна работа ја споделила на Интернет за да инспирира други жени да се породат дома. Откако лекарите и рекле дека породувањето дома може да биде ризично, таа побарала поддршка на „Фејсбук“ каде група од други мајки ја советувале што и како да прави.

„Исто така, сакав да ја родам ќерка ми дома во 2018 година, но завршив на итен царски рез“ – рече таа, бидејќи имала ризична бременост.

 

Сепак, на породувањето имало и бабица која и давала упатства на мајката и ја охрабрувала цело време, како и нејзините родители, кои додавале топла вода во базенот на надувување.

Малиот Фреди се родил по 36 часа, а Робертс сама го извадила од водата, го одмотала папокот околу вратот, го облекла и почнала да му го трие грбот, сè додека не заплаче.

„Тоа беше надреален момент“, рече мајката, додавајќи дека е среќна што може да се породи како што избрала.

Share
Scroll to Top