(Фото/видео) Латино дивата има секси стајлинг за сите љубители на цветни принтови

(Фото/видео) Латино дивата има секси стајлинг за сите љубители на цветни принтови

пред 2 месеци

Откако успешно ја заврши својата музичка турнеја „Up All Night“, пејачката Џенифер Лопез одлучи да се посвети на себе, на своето семејство и на својот општествен живот.

Неодамна таа присуствуваше на добротворната вечер „YES ​​Scholars“ во Лос Анџелес, на која се собираат средства за образование на талентирани деца од сиромашни семејства.

За оваа пригода, латино дивата одлучи да носи долга розова тоалета украсена со цветни детали и длабоко деколте.

Фустанот е направен од лелеав материјал, што го прави идеален за летни вечери и гламурозни настани.

Се чини дека Џеј Ло го претворила овој нежен, цветен дезен во секси креација која никого не остава рамнодушен – покрај градите, таа ги истакна и своите раскошни облини.

Модното издание го комплетираше со права коса, златни додатоци, шминка во земјени тонови и пудра розова чанта.

фото: принтскрин

Share
Scroll to Top