(Фото) Давор Шукер во врска со 25 години помлада манекенка

(Фото) Давор Шукер во врска со 25 години помлада манекенка

пред 3 години

Поранешниот фудбалер и претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер, е во љубовна врска со Кристина Брало, која е поранешна Мис бикини на Хрватска, а сега е пејачка и виолинистка, тврдат медиумите.

52-годишниот Шукер е 25 години постар од Брало. Пејачката неодамна призна дека се познава со некогашниот фудбалер, но не потврди дека се заедно. И покрај тоа, речиси сите медиуми во регионот објавија дека се во љубовна врска.

Кристина во 2012 година беше избрана за Мис бикини на Хрватска, а оттогаш сними неколку песни. Шукер, пак, кариерата ја почна 1987 година во ФК Осиек, а играше и за Севиља, Реал Мардид, Арсенал, Вест Хем и кариерата ја заврши во Баерн Минхен.

Share
Scroll to Top