(Фото) Жена си го тетовира бебето, а фановите ѝ порачаа дека е лоша мајка

(Фото) Жена си го тетовира бебето, а фановите ѝ порачаа дека е лоша мајка

пред 2 години

Модна дизајнерка од Флорида Шамекија Морис за прв пат ставила привремена тетоважа на телото на нејзиниот син Трејлин кога тој имал шест месеци. Тоа толку ѝ се допаднало што денес тоа го прави почесто, при што тетоважи му става од глава до петици и објавува негови фотографии на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Иако тетоважите не се вистински, многумина на социјалните мрежи ја осудуваат и ја нарекоа лоша мајка. Таа вели дека добива многу негативни коментари, луѓето пишувале дека Морис  го воспитува својот син да стане  гангстер или насилник.

Морис вели дека е цел на осудување уште додека била бремена со нејзиниот син Трејлин кога објавила фотографија во тату студио како се тетовира.

 

Нејзиното семејство на почетокот не било воодушевено од тетоважите кои таа му ги поставувала на нејзиното бебе, но откако собрала повеќе од 300.000 следбеници на Тик-ток, и тие ја поддржале. Шамекија вели дека нејзиниот син, освен тетоважи, сака и фенси облека. Таа има преку 150 пара патики во својот плакар, како и златни синџирчиња и светкави ѓердани.

Share
Scroll to Top