Израелката Јал Шелби е прогласена за најубава жена на светот за 2020 година. Убавата Јал благодарение му на својот изглед се најде на врвот на листата на „100 најубави лица во годината“
„Никогаш не сум била прва во ништо, чувството е многу убаво“ изјавила 19 годишната Јал за „Times of Israel”. Таа во моментов го служи задолжителниот воен рок во израелското воздухопловство.
Прекрасната манекенка и актерка Јал е во врска со 35 годишниот Брендон Корф, внукот на покојниот сопственик на ЦБС и милијардер Самнер Ридстон. Брендон минатата пролет бил избркан од Израел поради кршење на правилото за карантин, откако тајно ја посетил убавата Јал.
Независни критичари од целиот свет за ТЦ Чандлер уште од 1990 година ја креираат листата на „100 наубави лица“. Во овие 30 години на листата биле присутни од многу познати до потполно анонимни девојки и жени.