(Фото) Маж во розово боди влета на теренот и го прекина Супер боул

(Фото) Маж во розово боди влета на теренот и го прекина Супер боул

пред 4 години

Непознат маж во розово боди, на само пет минути до крајот, го прекина синоќешниот Супер боул, еден од најгледаните спортски настани во Америка и светот.

Непознатиот маж излезе на теренот и почна да трча меѓу играчите на Тампа Беј и Канзас Сити.

Резултатот веќе беше одамна познат, па човекот во розово пред крајот направи добра забава за присутните во стадионот. На себе носеше розово боди на кое пишуваше Vitaly uncensored, па затоа организаторите сега го поврзуваат со познатиот јутјубер Витали Здоровецки.

Споменатиот јутјубер има забрана за влез на многу спортски настани затоа што е познат по своите влетувања на теренот на важни спортски натпревари.

Засега не е познат идентитетот на човекот што синоќа влета на теренот, но медиумите пренесуваат дека покажал добри фудбалски вештини на теренот и го избегнал првиот налет на обезбедувањето. Успеал да дојде и до крајот на зоната, каде што бил соборен од неколкутемина членови од обезбедувањето, кои на крајот го изнеле од стадионот.

За потсетување, тимот на Тампа Беј ноќеска го победи Канзас сити со 31:9 и го освои Супер боул
во 2021 година. Ова е втор трофеј за Тампа во НФЛ-лигата. Првиот го има освоено во 2003 година.

(Видео) Вечниот Том Брејди го освои Супербол и со Тампа Беј

Share
Scroll to Top