Принцот Хари за првпат јавно ја покажа ќерка му Лилибет на Денот на Независноста. Папараците ги фотографираа во Монтесито. Двајцата беа сами без Меган и Арчи кои им се придружија подоцна.
Фановите ги забележаа црвените чевли на Лилибет кои беа исти како оние кои Хари ги носел како дете. Носеше и бел фустан со сини цветови, додека Хари беше лежерно облечен со капа и очила за сонце.