(Фото) На актерка ѝ отпаднал носот по неуспешна пластична операција

(Фото) На актерка ѝ отпаднал носот по неуспешна пластична операција

пред 4 години

Кинеската актерка Гао Лиу неодамна објави неколку фотографии и покажа дека предниот дел од носот ѝ отпаднал откако имала неуспешна пластична операција. Со сликите таа сака да предупреди дека постојат опасности од погрешно направена интервенција, пишуваат кинеските медиуми.

Лиу е пејачка и актерка која се појавува во многу филмови и ТВ-серии, а многумина ја сметаа за една од најуспешните млади ѕвезди во земјата. Таа пред неколку месеци исчезна од јавноста, а сега, преку порака објасни дека нејзиното неочекувано отсуство се должи на операција на носот, што се искомплицирала, а тоа предизвикало дел од ткивото на нејзиниот нос да се исуши и да падне.

Откако ги објави сликите на социјалните мрежи од нејзината „кошмарна пластична операција“, на Интернет предизвика дискусија за естетската хирургија, која стана многу популарна во Кина во последните неколку години.

„Целата постапка траеше четири часа. Мислев дека ќе станам поубава по тие четири часа. Не очекував дека тие четири часа ќе бидат почеток на кошмар“, рече Гао Лио.

Актерката изјавила дека се свртела кон пластична хирургија мислејќи дека тоа ќе ѝ ја подобри кариерата. Пријател ја запознал со пластичен хирург лани во октомври, а по посетата на клиника во Гуангжу, добила совет што да подобри.

Гао Лиу тврди дека, пред да се согласи да продолжи со операцијата на носот, ѝ било кажано дека ќе може да се врати на работа за неколку месеци, но реалноста била поинаква. По четиричасовна процедура, таа почувствува иритација и болка во носот, што се инфицирал за потоа да започне некрозата.

„Кожата на врвот на носот стануваше се потемна и потемна, а мојот нос стануваше некротичен“, рече Лиу и додаде дека два месеци била хоспитализирана, а изгубила околу 400.000 јуани од нејзината договорена работа. Уште полошо, оштетувањето на носот било толку големо што таа нема да може да се подложи на реконструктивна хирургија најмалку една година, сè додека ткивото целосно не заздрави.

По објавувањето на актерката, кинескиот сајт „Пејпер“ започнал истрага и дознал дека клиниката што ја оперирала актерката добила пет административни казни од март до октомври 2020 година, иако причините не биле јасни.

Но, ова не е единствена ситуација бидејќи официјалните податоци покажуваат дека во 2019 година „бројот на неквалификувани клиники за пластична хирургија надминал 60.000, шест пати повеќе од обичните клиники“, пренесува „Одити Централ“. Се верува дека тој број сега е уште поголем.

Share
Scroll to Top