(Фото) Оризова вода за здрава и бујна коса

(Фото) Оризова вода за здрава и бујна коса

пред 4 години

Азиската култура е позната по честото користење ориз. Оваа житарка се смета за симбол на жената и плодноста, кај нив.

Но придобивките од оризот не се само од нутритивна природа. Азиските жени долго го користат и за нега на косата, односно за да го поттикнат нејзиното растење, сјај и здравје.

Станува збор за метод на измивање на косата со вода во која претходно отстоил ориз.

Оризовата вода е преполна со антиоксиданси, минерали, витамини Б и Е, како и аминокиселини, кои заедно се одлична комбинација за здравје, убавина и квалитет на косата.

Азијките тврдат дека оризовата вода ги има следниве дејства на косата:

  • Ја зголемува еластичноста и го спречува кршењето на влакната
  • Го подобрува сјајот
  • Помага за полесно расчешлување
  • Влијае врз побрз раст
  • Ги зајакнува влакната

Многу жени го испробале овој метод и ги споделиле своите искуства по првото користење.

Процесот на измивање на косата со оризова вода е сличен на користењето која било друга маска за коса, но потребно е помалку време.

 

Share
Scroll to Top