На сајтот на британското министерство за сообраќај, наместо здодевни графикони и деловни планови, има експлицитна порнографија
Како што пренесуваат британските медиуми, сајтот на министерството, кој во главно служи за прикажување на графикони, планови и статистики, неколку часа наместо со табели бил преплавен со порнографски материјал.
Government website starts showing explicit PORN instead of dull statistics https://t.co/nFJcI1ozYv
— Daily Mail Online (@MailOnline) November 26, 2021
Од министерството било порачано дека станува збор за домен кој министерството повеќе не го користи, како и дека адресата на доменот сега е трајно избришана.
Засега не е јасно дали сајтот бил хакиран.
Ова не е прв пат владините сајтови а бидат преплавени со содржина за возрасни. Во септември, неколку станици на американската администрација биле хакирани и преплавени со реклами за вијагра и порно филмови.