(Фото) Рускиот јутубер Виталиј го скрши ‘рбетот и вратот, сега одново учи да оди

(Фото) Рускиот јутубер Виталиј го скрши ‘рбетот и вратот, сега одново учи да оди

пред 3 години

Речиси е невозможно да не се сеќавате на сите луди пренкови кои ги има направено познатиот руски јутубер Виталиј Здороветски.

За жал, тој во моментот се соочува со најтешкиот период од неговиот живот, откако го скрши ‘рбетот и вратот при скок со падобран.

Тој истакна дека одново учи да оди.

„Ви благодарам за сите ваши пораки. Извинете ако не одговорам, ама или спијам или не можам да го користам телефонот од болка. Го скршив ‘рбетот и вратот, сега учам како да одам повторно, но ќе биде добро“, напиша 28-годишниот јутубер на својот Инстаграм профил.

Виталиј има над 10 милиони следбеници. А покрај него и се прослави и неговата девојка Кинси Волански, кога истрча во костим за капење испишан со неговото име лани среде натпревар за Лига на шампиони .

Share
Scroll to Top