(Фото) Се сврши Рита Ора

(Фото) Се сврши Рита Ора

пред 4 години

29-годишната пејачка Рита Ора се свршила, пишува британски „Мирор“. Папараците ја снимиле во еден ресторан во центарот на Лондон, со голем дијамантски прстен. Таа веќе подолго време излегува со 10 години постариот филмски продуцент Ромаин Гаврас.

Засега Ора се нема огласено по повод ваквите пишувања во медиумите.Фотографиите се направени пред еден мексикански ресторан во Лондон, заедно со нејзината сестра Елена. Пејачката била видена со маска на главата и ги почитувала мерките за коронавирусот, пишуваат медиумите.

Еден од присутните во ресторанот,  откри за „Сан“ дека станува збор за свршенички прстен.

„Една од нејзините пријателки со воодушевување гледаше во него. Беше многу весела и возбудена“, открива изворот.

Share
Scroll to Top