(Фото) Синот на Столе славеше прв роденден: Забава во двор и торта на два ката за Бојан

(Фото) Синот на Столе славеше прв роденден: Забава во двор и торта на два ката за Бојан

пред 3 години

Капитенот на „Вардар“ Столе Стоилов и неговата сопруга Деница, го прославија првиот роденден на синот Бојан. Направија забава во двор, со многу балони и торта на два ката. На роденденот дојдоа само неколку најблиски членови на семејството и пријатели на Столе и Деница. Сликите од забавата го објавија на Инстаграм. „Дете најубаво“, напиша братот на Столе.

Бојан е прво дете на Столе и Деница. Тие се венчаа лани во јули, еден месец пред да се роди синот. Склучија граѓански брак, и иако планираа голема свадба, ја одложија поради пандемијата. Столе и Деница, која е уметница, пред да се венчаат, беа во врска една година.

Столе важи за човек кој не сака да зборува за приватниот живот во јавноста, па ретко споделува семејни слики на социјалните мрежи.

Share
Scroll to Top