Поп-пејачката Тамара Тодевска беше на корекција на усните, а фотката ја објави и на социјалните мрежи. Таа на својот инстаграм-профил го пофали докторот кој ја изведе постапката. Корекциите на лицето веќе одамна не се табу тема, па сè повеќе јавни личности споделуваат фотографии од корекциите.
Тамара неодамна беше во студиото на „Репортер“, каде што во интервју зборуваше за деновите минати во карантинот, за Евросонг, за семејството, за идните планови.