(Фото) Те сакам Јелена Карлеуша, објави американската раперка Лил Ким откако оваа облече нејзина креација во „Гранд“

(Фото) Те сакам Јелена Карлеуша, објави американската раперка Лил Ким откако оваа облече нејзина креација во „Гранд“

пред 5 години

Пејачката Јелена Карлеуша пред неколку дена се појави на снимањето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ во креација на американската раперка Лил Ким, која пак сега и се заблагодери на социјалните мрежи.

Лил Ким објави фотографија од Јелена, облечена со топ што ги открива градите и здолниште со шлиц до колкови, еден од дизајните од нејзината колекција.

„Немате идеја колку ми значи што оваа жена ја носи мојата облека“, напиша Лил Ким под фотографијата.

 

„Секогаш чувствував дека оваа жена ми одговара, тоа е лудо. Таа е толку одлична и иновативна. Имаме толку многу заедничко во нашите стилови, и токму тоа е она што ми даде до знаење дека сум на вистинската насока. Господ е толку неверојатен. Те сакам многу Јелена Карлеуша. Ти благодарам за поддршката, тоа ми значи сè на светот. Изгледаш прекрасно.“, додаде американската раперка.

Лил по фотографијата од Јелена објави и видео од себе во истата креација, и се заблагодари на тимот што работел на нејзината изработка.

 

Share
Scroll to Top