(Фото) Тимоти Шаламе е прв маж на насловната на британски „Вог“ во 106-годишната историја на списанието

(Фото) Тимоти Шаламе е прв маж на насловната на британски „Вог“ во 106-годишната историја на списанието

пред 2 години

Британскиот „Вог“ првпат во својата историја стави само маж на својата насловна страница, актерот Тимоти Шаламе (26). Тој ќе се појави на насловната на октомврискиот број на популарниот магазин.

„Првпат во 106-те години постоење на британски ‘Вог’, на насловната страница се најде само маж“, пишува на твитер-профилот на магазинот.

Фотографиите од Тимоти ги сликаше Стивен Мајзел, а преку нив се обидува да ја покаже желбата на Шаламе да експериментира со модата.

Пред глумецот уште неколку мажи се појавија на насловната страница на магазинот, но секогаш како придружници на жените. Своја соло насловна претходно имаше и пејачот Зејн Малик, но само за онлајн изданието на списанието.

Инаку, Тимоти Шаламе неодамна го привлече вниманието со својот моден избор за филмскиот фестивал во Венеција каде што се појави во впечатлив црвен комбинезон со гол грб.

Шаламе веќе неколку години важи за еден од најпопуларните млади глумци. Тој во моментов работи на вториот дел на хит-филмот “Дина“.

Share
Scroll to Top