(Фото) Јутјубер тврди дека на мечот меѓу Тајсон и Мекнили во публиката имало човек кој снимал со „самсунг“, мобилен кој во тоа време не постоел

(Фото) Јутјубер тврди дека на мечот меѓу Тајсон и Мекнили во публиката имало човек кој снимал со „самсунг“, мобилен кој во тоа време не постоел

пред 4 години

Јутјуберот по име Џејми Нантам објавил архивска снимка од боксерскиот меч меѓу Мајк Тајсон и Питер Мекнили, кој се одржал на 19 август 1995 година. Нантан смета дека на снимката се гледа лице со мобилен телефон „Самсунг галакси С3“, кој за првпат се произвел во 2012 година.

„Борбата меѓу Мајк Тајсон и Питер Мекнили во 1995 година во Лас Вегас. Некој од публиката фотографира со нешто што личи на паметен телефон, уред кој дури по 19 години од мечот бил пуштен во продажба. Дали стнаува збор за вонзејмани или можеби патник низ времето. Никој не може да објасни за каква камера станува збор“, напишал Нантам под видеото.

Под истото видео има илјадници коментари. Некои тврдат дека станува збор за уредот „самсунг галакси С3“, направен во 2012 година. Други не се убедени во тоа и тврдат дека ако е така, ако еден од публиката извадил паметен телефон во тоа време, публиката би реагирала на тоа.

Освен тоа, многумина велат дека е малку веројатно некој да патува низ времето само за да гледа еден просечен меч, пишува LadBible.com.

Познатиот портал Snopes.com, кој се занимава со откривање лажни вести, ја анализирал снимката и заклучил дека тврдењата за патување низ времето се лажни.

„Тврдењата за ваквата снимка се лажни. Тие првично се појавија уште во 2015 година. Во еден момент се гледа нешто што наликува на модерен телефон со камера, кој не постое сè до 2000 година. Иако овој уред навистина личи на таков, исто така личи и на многу камери од тоа време.

Резолуцијата на снимката оневозможува да се види за каков уред станува збор, но многу наликува и на три камери кои ги правел во тоа време „Касио“: QV-10A, QV-100 и „Логитех Фотоман“, наведува Snopes.com.

Сличен ваков момент бил забележан и во 2010 година, кога во јавноста се појави фотографија од 1941 година. Тогаш голем број теоретичари се изјаснија дека на фотографијата е снимен модерен хипстер, а како причина ги навеле неговиот изглед, модерните очила и малиот фотоапарат што го имал на себе. Но и очилата и таквиот апарат постоеле во тоа време.

Snopes.com, утврдил дека нема ништо чудно на таквата фотографија. Во 2008 година на интернет се појави и снимка од филмот „Циркус“ на Чарли Чаплин, снимен во 1928 година, во кој наводно се гледа како случаен минувач разговара на мобилен телефон.

Сепак магазинот „Атлантик“, подоцна открил дека станува збор за помагало за слух, кои биле произведени четири години претходно и кои биле пуштени во употреба во тоа време.

Share
Scroll to Top